ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ ПИПИСТРЕЛ АЛФА ТРЕНЕР Z3-UA-011

by admin

На 04.01.2025 година на Спортскиот аеродром Скопје (LWSN) во фаза на обука за стекнување на лиценца за ултралесен авион со воздухоплов Pipistrel Alpha Trainer со регистарска ознака Z3-UA-011, изведен бил лет за увежбување на ниска зона со цел ученикот да ја увиди висината на рамнење на воздухопловот во фаза на слетување. Воздухопловот има оштетувања на спинерот, десниот крак од елисата и на десното крило од долната страна до пито цевката има оштетување од соседниот бетонски столб од оградата кој го пробил долниот слој од десното крило. Нема повредени лица.