Владата го именуваше Марјан Прпоски за нов претседател-истражител на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Марјан е врвен професионалец од областа на цивилното воздухопловство, со долгогодишно искуство и посветеност во својата работа на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што неговата експертиза и одговорност придонесуваат за безбедно и ефикасно функционирање на воздушниот сообраќај. Со ова именување се зајакнува лидерската структура на Комитетот и се потврдува посветеноста на институцијата за ефикасно, професионално и независно спроведување на истраги во областа на воздухопловната безбедност. Новиот претседател-истражител ќе ја води работата на Комитетот, ќе ја координира активноста на истражителите и ќе обезбедува усогласување со националните и меѓународните стандарди и препораки. Комитетот продолжува да работи со цел заштита на јавниот интерес и унапредување на безбедноста во воздухопловниот сообраќај.