Тимот на КИНСИВ на работилницата ECAC ACC 2025 и состанокот ACC/63 во Данска

by admin

Претставници од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на Република Северна Македонија (КИНСИВ) беа дел од дискусиите за најновите предизвици и пристапи во истрагите на несреќи на нови типови летала, електрични и eVTOL платформи, беспилотни системи (UAS) и вештачка интелигенција во анализата на безбедносни податоци, во рамки на работилницата ECAC ACC 2025, која се одржа на 4 и 5 ноември годинава во Роскилде, Данска.


Експерти од Rolls-Royce, Airbus, EASA, Cranfield University, SINTEF и националните истражни тела од повеќе земји ја споделија својата пракса и искуства во справување со новите технологии и ризици во авијацијата.


Тимот на КИНСИВ во Роскилде учествуваше и на 63-тиот состанок на групата на експерти за истрага на авионски несреќи и инциденти (ACC/63)., што следуваше по работилницата.


На состанокот, со претседавање на Chrispin Orr (Обединето Кралство) се разгледаа извештаите и заклучоците од претходниот состанок во Виена, тековните истраги во европскиот регион, активностите и иницијативи на ECAC, ENCASIA и EASA, како и подготовките за следниот состанок ACC/64, закажан за мај 2026 во Дубровник.


Присуството на нашиот Комитет претставуваше можност за размена на искуства, јакнење на соработката со европските истражни тела и унапредување на капацитетите за истрага на несреќи со нови технологии.Со ова учество, продолжуваме активно да придонесуваме во заедничките напори за унапредување на безбедноста во воздухопловството на европско ниво, вели претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски.