Напредна обука на истражители во Виена

by admin

Напредна обука на истражители во Виена
Истражителите од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти учествуваа на напредна обука за истрага на воздухопловни несреќи, која се одржа  Виена, Република Австрија, во организација на Southern California Safety Institute (SCSI).
Оваа обука претставуваше продолжение на процесот на професионален развој на истражителите, со акцент на продлабочување на знаењата и стекнување на практични вештини во областа на истражувањето на несреќи и сериозни инциденти.
Содржината на програмата опфати:
• напредни техники за анализа на несреќи,
• идентификација и проценка на човечки фактори,
• истражување на организациски и системски аспекти,
• подготовка на извештаи и препораки за подобрување на безбедноста.
Учеството на оваа обука овозможи истражителите да ги прошират своите компетенции и да се запознаат со современите трендови и најдобрите практики што се применуваат на меѓународно ниво. Преносот на стекнатите знаења ќе придонесе за понатамошно унапредување на истражните процеси во рамките на Комитетот, како и за јакнење на неговите капацитети за ефикасно и независно спроведување на истраги.
Со оваа активност, Комитетот ја потврди својата определба за континуирана едукација и усовршување на кадарот, како и за унапредување на системот за воздухопловна безбедност во согласност со европските и меѓународните стандарди.