Потпишан Меморандум за соработка меѓу КИНСИВ и БЕА Франција

by admin

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) ќе соработува со Агенцијата за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти БЕА, (Bureau d’Enquêtes et d’Analyses pour la sécurité de l’aviation civile), на Франција.
Основата за соработката е дефинирана во Меморандум што го потпиша претседателот на
КИНСИВ Марјан Прпоски на 16 септември во седиштео на БЕА во Париз.
Со овој Меморандум се воспоставува формална рамка за соработка и размена на информации, експертиза и ресурси во областа на истражувањето на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Потпишувањето на документот претставува значаен чекор во зајакнувањето на институционалните капацитети на Комитетот, со цел обезбедување на ефикасно, професионално и независно спроведување на истраги.
Меморандумот овозможува:
• заедничка размена на експертиза и најдобри практики,
• поддршка во спроведување на сложени истраги,
• унапредување на професионалните капацитети на истражителите,
• ускладување со меѓународните стандарди и препораки.
Со потпишувањето на овој Меморандум, Комитетот продолжува да ја потврдува својата посветеност кон безбедноста во воздухопловниот сообраќај и континуирана соработка со релевантните европски и меѓународни организации.