Инцидент со тандем параглајдер – Охрид

by admin

Инцидент со тандем параглајдер – Охрид

На 26 април 2026 година, во фазата на слетување, во близина на полициската станица на Езерската полиција во Охрид, се случи сериозен инцидент со тандем параглајдер. При слетувањето, параглајдерот удрил во канделабра од уличното осветлување. Во воздухопловот се наоѓале пилот и еден патник. Во настанот нема повредени лица, ниту е евидентирано оштетување на параглајдерот. Настанот е предмет на истрага од страна на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ). Целта на истрагата е утврдување на причините и факторите кои придонеле за настанот, како и издавање безбедносни препораки, доколку е потребно, со цел спречување на слични настани во иднина.