Унапредување на капацитетите на КИНСИВ, учество на специјализрана обука во JAA TO – Амстердам

by admin

Претседателот на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на Република Северна Македонија Марјан Прпоски учествуваше на Обука за истражител на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти во JAA Training Organisation (JAA TO) во Амстердам, Холандија, во периодот од 28 до 31 октомври годинава.


Обука претставува клучен дел од континуираната едукација и професионален развој на членовите на Комитетот, со цел унапредување на капацитетите за спроведување темелни, независни и ефикасни истраги во согласност со меѓународните стандарди и препораки на ICAO и EASA.


Учеството на оваа специјализирана обука овозможува размена на знаења и искуства со истражители од цела Европа и придонесува кон зголемување на безбедноста во воздухопловниот систем на Република Северна Македонија.