СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

by admin

Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Со Меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на информации и координација при спроведување на истраги во случај на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Документот предвидува јасно разграничување на надлежностите, при што КИНСИВ ќе спроведува независни технички истраги насочени кон утврдување на причините, додека Јавното обвинителство ќе постапува во делот на утврдување на евентуална кривична одговорност.

Целта на оваа соработка е зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и усогласеноста со националните и меѓународните стандарди во областа на воздухопловната безбедност.