ПОСЕТА НА ОДДЕЛОТ ЗА ИСТРАГИ НА ВОЗДУХОПЛОВНИ НЕСРЕЌИ (СЗРАС) ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ, ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И КОМУНИКАЦИИ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

by admin

Реализирана е посета на Одделот за истраги на воздухопловни несреќи на Република Бугарија која се наоѓа во состав на Министерството за транспорт. Во прекрасниот и срдечен пречек на истражителите од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) на Република Северна Македонија беа разменети богатите искуства од нивното работење и искуствата на истражителите на КИНСИВ. Договорено е во наредниот период да се изврши потпишување на Меморандум за разбирање и да се зголеми соработката со учество на истражители од двете страна при истраги на одредени воздухопловни несреќи или сериозни инциценти.