Именувани нови истражители во КИНСИВ

by admin

Во Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) од 1 јануари 2025 година именувани се двајца нови истражители за воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Нови истражители во КИНСИВ се Зоран Велковски и Никола Давидов.
Со ова именување се зајакнуваат институционалните капацитети за навремено, стручно и независно спроведување на истраги во областа на воздухопловната безбедност.
Новите истражители ќе придонесат кон понатамошно унапредување на процесите и усогласување со меѓународните стандарди и добри практики. Комитетот останува посветен на својата законска надлежност за спроведување на истраги со цел подобрување на безбедноста во воздухопловниот сообраќај и заштита на јавниот интерес.