Обука за истражители во ЈАА ТО – Амстердам, Холандија

by admin

Основна обука за истражители во ЈАА ТО – Амстердам, Холандија
Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти информира
дека двајца истражители од неговиот состав учествуваа на почетна (основна) обука во
Joint Aviation Authorities Training Organisation (JAA TO) во Амстердам, која се одржа во
периодот од 19 до 21 февруари 2025 година.
Оваа специјализирана обука е наменета за новоименуваните истражители и
претставува прв чекор во нивната професионална подготовка за самостојно и
ефикасно спроведување на истраги за воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
Содржината на програмата опфаќа:
• вовед во меѓународните стандарди и препораки на ICAO,
• методологија на истражување и собирање на докази,
• анализа на фактори кои доведуваат до несреќи и инциденти,
• улогата на истражителите во подобрување на системот за безбедност.
Учеството на оваа обука овозможува истражителите да стекнат основни знаења и
практични вештини, како и да се запознаат со најдобрите европски и меѓународни
практики во областа на воздухопловната безбедност.
Со вложувањето во обука и усовршување на кадарот, Комитетот ја потврдува својата
определба за континуирано јакнење на институционалните капацитети и за
професионално, транспарентно и усогласено постапување при истраги во согласност
со европските стандарди и практики.