
Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти зеде учество на заедничката конференција на Европската конференција за цивилно воздухопловство (ECAC) и Европското здружение на истражители за безбедност во воздухопловството (ESASI), која се одржа во Виена, Република Австрија, 14ти до 15ти мај во 2025 година. Конференцијата е значајна меѓународна платформа за размена на знаења, искуства и добри практики во областа на истражувањето на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
На настанот учествуваа претставници на национални истражни тела, воздухопловни
власти, меѓународни организации и стручни здруженија, кои дискутираа за најновите предизвици и трендови во воздухопловната безбедност.
Во рамки на програмата беа обработени теми поврзани со:
• примена на современи методологии при истражување на несреќи,
• интеграција на нови технологии во процесот на анализа,
• улогата на истражителите во подобрување на системите за управување со
безбедноста,
• унапредување на меѓународната и регионалната соработка во Европа. Присуството на претставници од КИНСИВ овозможи директно вклучување во дискусиите и размена на искуства со европските и меѓународните експерти. Стекнатите знаења и информации ќе придонесат кон понатамошно јакнење на
институционалните капацитети и усогласување на практиките на Комитетот со меѓународните стандарди и препораки.
Со учеството на оваа конференција, Комитетот уште еднаш ја потврди својата посветеност на развивање на професионални стандарди, подобрување на безбедноста во воздухопловниот сообраќај и зајакнување на соработката со
релевантните европски и светски организации.
