Соопштение КИНСИВ

by admin

Европската Комисија со одлична оценка за Комитетот
Во рамките на официјалната проценка за примена на Спогодбата за Европската заедничка воздухопловна област (ECAA), спроведена од 19 до 22 февруари 2024 година, независните експерти на Европската Комисија дадоа висока оценка за работата на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (AAIIC).
Во извештајот експлицитно се наведува:
«Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи (AAIIC), кој претставува посебен и независен орган што директно известува до Владата, има развиено цврсти постапки и склучил билатерални договори со најважните национални засегнати страни. Овие договори обезбедуваат соработка на националните институции, што е од клучно значење за орган со ваква големина.
Во споредба со претходната проценска посета, забележан е значаен напредок во однос на обезбедувањето доволно ресурси за надлежниот орган, со што тој сега е целосно функционален во извршувањето на своите обврски.»

Експертите дополнително констатираа:

-целосна усогласеност со европските и светските стандарди
-нема утврдени недостатоци ниту препораки
-постигната е речиси целосна ефективна примена на Регламентот (ЕУ) бр. 996/2010

Овие резултати се плод на професионалноста и посветеноста на тимот на Комитетот и на одличната соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство, M-NAV и сите останати институции од секторот.
Ви благодариме на довербата.
Продолжуваме да го одржуваме македонското небо меѓу најбезбедните во Европа.
Со почит,
Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти
Република Северна Македонија
Скопје, 2025 година