ПОСЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НЕСРЕЌИ ВО ВОЗДУШНИОТ, ПОМОРСКИОТ И ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ (AIN) НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

by admin

Реализирана е посета на Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај (AIN) на Република Хрватска. Во срдечниот прием истражителите од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) на Република Северна Македонија беа запознаени со поставеноста и работењето на Агенцијата и  исто така беа разменети искуствата од истрагите на двете тела. Двете тела договорија во наредниот период да се изврши потпишување на Меморандум за разбирање и зголемување на соработка.