ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НЕСРЕЌИ ВО СООБРАЌАЈОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

by admin

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) на Република Северна Македонија реализира посета на Центар за истражување на несреќи во сообраќајот на Република Србија. Во срдечниот прием истражителите на КИНСИВ беа запознаени со поставеноста и работењето на Центарот и беа разменети искуствата од истрагите на двете тела. Договорена е понатамошна соработка и нејзино развивање на повисоко ниво, како и подготовка за потпишување на Меморандум за разбирање.