ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ИСТРАГА ЗА НЕСРЕЌАТА НА ВОЗДУХОПЛОВОТ KINGAIR B200 Z3-BAB, 2004-2014

by admin

Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти организира интерактивна работилница на тема:

Истрага за несреќата на воздухопловот KingAir B200 Z3-BAB, 2004-2014.
Во рамките на темата ќе бидат опфатени следните тематски области:

  • Компаративна анализа на спроведените истраги и донесените Завршни извештаи во 2004 година и во 2014 година
    • Презентација на Нацрт и Завршниот извештај од истрагата на несреќата, спроведена во 2004-та година;
    • Презентација на Нацрт и Завршниот извештај од истрагата на несреќата, спроведена во 2004-та година;
  • Степенот на влијание на индиректните причини за несреќата, во предизвикувањето на директната причина за несреќата на воздухопловот KingAir B200 со рег. бр. Z3-BAB
  • Стручно мислење во врска со нацрт извештајот од повторното спроведување на истрагата за несреќата, од страна на акредитираните претставници на Република Македонија во Комисијата за повторената истрага (Презентација на стручните анализи, експертизи и мислења на независни воздухопловни експерти).

На интерактивната работилница свои стручни експертизи, анализа и мислења ќе презентираат повеќе воздухопловни експерти од Република Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.
Во контекст на реализацијата на горенаведените теми ќе бидат спроведени студии на случаи, симулации, проектни работи, тестирање, како и преслушување на аудио материјали и разгледување на видео записи. За прв пат ќе биде презентирана 3D симулација на траекторијата на летот на Z3-BAB.

Интерактивната работилница ќе се одржи во Скопје, хотел „Александар Палас“, на 12.02.2015 година (четврток), со почеток во 10:30 часот.