ПОСЕТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ИСТРАГИ НА ВОЗДУШНИ НЕСРЕЌИ И ИНЦИДЕНТИ (KHAIA) НА РЕПУБЛИКА КОСОВО

by admin

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) на Република Северна Македонија реализираше посета на Комисијата за истраги на воздушни несреќи и инциденти (KHAIA) на Република Косово. Во срдечниот прием истражителите беа запознаени со  работата на Комисијата, поставеноста и нивните искуства од воздухопловните истраги.

На истражителите на КИНСИВ им беше организирана и посета на аеродромот во Приштина со запознавање на неговото функционирање. Во посетата беше договорена понатамошна соработка и потпишување на Меморандум за разбирање.